Повредата што Кире Лазаров ја заработи на ЕП 2018 во Вараждин конечно е минато, па македонскиот ас вечерва се врати во тимот на Нант за гостувањето против Аикс во рамките од францускиот шампионат. За жал, неговиот тим не успеа да ја продолжи серијата победи од изминатиот период, стигнувајќи само до бод (28-28) на вечерашниот дуел.
Лазаров и соиграчите имаат за што да жалат бидејќи Нант го контролираше резултатот речиси цел натпревар. Токму со погодокот на Македонецот гостите поведоа со 25-27 на шест минути до крајот, но потоа следеше пауза од над пет минути без постигнат гол. Аикс го искористи тоа, дури и направи пресврт за водство од 28-27, за Клајн со гол на десетина секунди до крајот да спречи пораз на Нант.
Кире Лазаров го заврши натпреварот со три гола од седум обиди, а најефикасни во неговиот тим беа Клајн со шест и Клер со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА