ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Капитенот Кире Лазаров нема да биде во составот на макеоднската репрезентација за денешниот натпревар против Данска, последен од главната фаза на ЕП во Хрватска. Поради повредата на задната ложа, Лазаров не е во состојба да игра и на негово место во тимот влегува левото крило Гоце Ојлески.
Селекторот Раул Гонзалес беше принуден да ја направи оваа втора измена во составот откако, капитенот се повреди во 11.минута на дуелиот против Шпанија. На вчерашниот натпревар со Чешка, Лазаров остана на клупата и влегуваше во игра само за да изведе седмерци.
Натпреварот Македонија – Данска се игра денеска со почеток во 18.15 часот и најверојатно ќе биде последен за Македонија на ова ЕП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА