Ракометната репрезентација на Македонија утрово со чартер лет од скопскиот аеродром отпатува за Букурешт каде утре од 17 часот ја очекува реванш-пресметката од баражот за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се игра во Полска и Шведска.
По извонредната синоќешна претстава и триумфот од осум гола разлика, сосема очекувано селекторот Кире Лазаров со истиот состав од вчерашниот меч дополнет плус со Мартин Серафимов и со Ненад Костески, со вкупно 18 ракометари отпатува за Букурешт. Од списокот отпаднаа Марко Кизиќ, Игор Ѓоргиев и Марко Стојковиќ.
Низ крајно позитивна атмосфера репрезентативците патуваат за Букурешт со нова желба за потврда на квалитетот и очекуван пласман на следните клучни пресметки против Чешка во баражот за СП, закажани за средината на месец април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА