Кире Лазаров и Нант вечерва се израдуваа на втората победа во ЕХФ-Купот, рутински триумфирајќи на гостувањето во Словенија против Горење со резултат 28-35. Горење во претходната фаза го елиминираше Металург, но Словенците дефинитивно немаат капацитет да се борат со врвните екипи во ова натпреварување, губејќи уште еден меч по оној на гостувањето со Магдебург минатото коло.
Лазаров и соиграчите целата работа ја завршија уште во првото полувреме, што Нант го доби со преубедливи 12-19. Горење изненади со одличен старт на вториот дел, во кое Словенците намалија со 19-21, но немаа сили за целосен пресврт. Францускиот претставник набрзо ја консолидираше играта, ја врати предноста на сигурни пет гола разлика (20-25) и ја одржуваше до самиот крај и конечните 28-35.
Кире Лазаров го заврши натпреварот со четири погодоци од пет обиди (3/3 во првото полувреме), а најефикасен во таборот на Нант беше Ривера со девет постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА