Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров се огласи со силна поддршка за Загреб, главниот град на Хрватска кој утрово беше погоден од силен земјотрес.
Лазаров, кој од 2000 до 2002 година дел од својата кариера мина во ППД Загреб, е силно врзан со главниот град на Хрватска искажувајќи пораки да се остане смирен и силен во овие моменти.
Пораки со поддршка за Загреб испратија и Николче Митревски, но и поранешниот ракометар на Вардар, хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА