Кире Лазаров успеа да состави моќен колектив од македонската ракометна репрезентација, покажувајќи тренерска генијалност како што тоа со години го правеше и како играч.
Македонскиот селектор е во центарот на вниманието во Вараждин, па така Лазаров за хрватските медиуми говореше за најразлични теми, меѓу нив и за подмладувањето во националниот тим.
„Бев многу внимателен при изборот на ракометарите. Подмладувањето не е само збор, туку процес што мора да се мине, но никако не е оправдување за пошироката јавност, з анашите навивачи. Секогаш се барат резултати и победи, бидејќи тие носат задоволство и среќа, но се нема разбирање дека тој процес мора да донесе и одредени разочарувања. Како во Скандинавија, своевремено тие при смена на генерации по 3-4 години ги немаше на големите натпреварувања, па за 7-8 ќе се искачеа на врвот. Кај нас нема такво трпение, затоа и не сакав да направам целосен рез, туку земав 3-4 поискусни ракометари. Оваа репрезентација на Македонија е добра, полетна, но се уште е тешко да ја водите бидејќи на вакви натпреварувања многу е важно искуството“, истакнува Лазаров во интервју за „Спортске Новости“…
Македонскиот селектор даде свој коментар и за случувањата на натпреварот со Холандија и грабежот на данските судии што предизвика и бурна реакција од македонските навивачи во салата.
„Ние сме мала земја и навистина го сакаме ракометот, но немоќни сме кога се споредуваме со големите држави како Германија, Франција, Данска… И згора на тоа ќе ни се случи „такво нешто“. Затоа е ракометот таков спорт каков што е…“, вели Лазаров, па продолжува говорејќи од срце: Затоа Американците и не вложуваат пари во ракометот, не сакаат да го имаат како спорт, бидејќи има многу сомнителни ситуации што секој ги толкува како што сака. Ова не е ни прв, ни последен пат да се случува такво нешто. Гледам дека Холанѓаните се многу фаворизирани, но јас не говорам само за нас, ракометот како спорт нема иднина поради ваквите случувања. Да најдеш некој спонзор, сериозен инвеститор за да вложи пари, не знам дали некој би се „дрзнал“ да даде сериозни пари и потоа да биде измамен на ваков начин. Сите ние кои работиме во ракометот треба да бидеме сериозно загрижени“, порачува Кире Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА