Македонскиот капитен Кире Лазаров ја почнува втората сезона во редовите на францускиот Нант. Иако на крајот од сезоната, португалските медиуми информираа за интересот на Бенфика да го откупи неговиот договорот, сепак Нант нема намера да се откаже од искусниот македонски бомбардер и Лазаров и во следната сезона ќе го предводи нападот на европскиот вицешампион.
На првиот собир пред стартот на подготовките пред новата сезона, Лазаров се најде во познато друштво, со својот поранешен соиграч од Барселона, Валеро Ривера.
Шпанскиот репрезентативец, се враќа во тимот на Нант по две сезони поминати во Барселона, како засилување во европскиот шампион и замена за пензионираниот Доминик Клајн.
Нант лани одигра извонредна сезона во која стигна до финалето на Ф4 турнирот во Келн во кое загубија од Монпелје. Тимот предводен од тренерот Тиери Анти, со големи амбиции стартува и во претстојната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА