Кире Лазаров: Знаеме каде грешевме, самите сме си најголеми критичари

mec baner

Поразот од Словенија воопшто не ја нарушува атмосферата во нашиот национален тим, кој има одличен скор 2-1 по првите три кола во групата Б. Капитенот Кире Лазаров потенцира дека селекцијата е на добар пат да го оствари резултатот што беше зацртан како цел пред почетокот на овој мундијал.

Нормално, никој не сака да губи, но не дозволуваме тој еден пораз да ја наруши атмосферата. Да не заборавиме дека доколку некој ни понудеше пред мундијалот по првите три кола да имаме две победи и еден пораз, ќе прифатевме со двете раце. Одиме сигурно по патот кон следната фаза, така што нема причина за нервоза. Против Словенија не одигравме на посакуваното ниво, но самите сме си најголеми критичари, знаеме каде погрешивме. Премногу ја посакувавме победата, па паднавме во „словенечката стапица“, промашивме зицери, а потоа премногу брзавме за да се вратиме. Заборавивме дека ракометот се игра 60 минути, дека со таков пристап победивме против Тунис, но сето тоа се грешки кои сигурно нема да се повторат“ – изјави Лазаров.

Следен предизвик за нашиот национален тим е Шпанија, во чии редови настапуваат големи европски ѕвезди кои му се соиграчи на Кире Лазаров во Барселона.

Не треба да се трошат зборови за квалитетите на Шпанија, голема репрезентација која со години наназад е редовен учесник на големите натпреварувања, со исклучок на последните Олимписки Игри. Тие се големи фаворити, но ние како и на секој натпревар ќе дадеме се од себе за да оствариме добар резултат“ – истакна предводникот на македонската репрезентација.

Се вчитува...