Кире Маркоски го продолжи договорот со Работнички

Повремениот македонски репрезентативец Кире Маркоски и во претстојната сезона ќе го носи дресот на Работнички. Тој потпиша нов договор со „романтичарите“ и се обврза на верност до крајот на 2024 година.

Маркоски имаше одлични настапи минатата сезона и взаемна беше желбата за продолжување на соработката со крилниот напаѓач.

Тој на почетокот на 2023 година се врати во Работнички, каде играше и во периодот од 2012 до 2018 година. Во Македонија, Кире Маркоски настапуваше и за Вардар, Шкендија, Шкупи и за Академија Пандев, а градеше и интернационална кариера во АЕЛ Лимасол (Кипар), Спартак Трнава (Словачка).

Кире Маркоски беше дел од „златната генерација“ млади фудбалери која со Македонија учествуваше на Европското првенство за фудбалери до 21 година, а има и пет настапи за сениорскиот национален тим.

Се вчитува...