Кире Митревски го повреди коленото

Стручниот штаб на Пелистер се соочува со проблем откако левиот бек на битолскиот клуб, Кире Митревски, заработи повреда  на коленото. Од раководството на битолскиот клуб информираат дека Митревски има проблем со лигаментите на коленото, поради што подолг период нема да му биде на располагање на тренерот Јошко Петковски.

„Кире Митревски во следните неколку месеци ќе отсуствува од ракометните терени и нема да можи да му помогне на тимот во натпреварувачкиот процес. Митревски на натпреварот со Охрид во гости по дуел со противничкиот ракометар Димитриевски се пожали на болки во коленото и беше заменет веднаш . Магнетната резонанца покажа скинати лигаменти а според медицинските предвидувања се очекува долга пауза за бекот и опоравување од операцијата која треба да следи“ – соопштија од битолскиот клуб.

Ова е уште еден во низата проблеми за тренерот Петковиќ, кој на претстојното градско дерби со Работник нема да може да смета ниту на суспендираните Милош Рајчиќ и Иван Димитровски, кои добија сини картони на последното дерби со Охрид.

Се вчитува...