Кире Ристевски е негативен, вечерва се приклучува на репрезентацијата

Кире Ристевски е негативен на коронавирус и ќе може да и се приклучи на репрезентацијата за историскиот натпревар против Грузија во баражот за пласман на Европското првенство 2020. Нашиот интернационалец бил негативен на тестот кој го направил во Унгарија и се очекува вечерва да стигне во Македонија и да им се приклучи на соиграчите од националниот тим.

Единствен проблем за селекторот Игор Ангеловски пред мечот со Грузија е тоа што поради повреда Аријан Адеми е под знак прашалник, а поради неговата ситуација дополнително е повикан Енур Тотре.

Историскиот натпревар меѓу Грузија и Македонија ќе се игра на 12. ноември во Тбилиси.

Се вчитува...