Кире Ристевски постигна гол што вреди опстанок за Ујпешт

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски постигна победнички гол за Ујпешт на мечот против Залаегерсег (2-1) кој можеби ќе биде клучен и за обезбедување опстанок во фудбалската елита на Унгарија. Дефанзивецот во 84.минута одлично реагираше при слободен удар во противничкиот шеснаеетник и со волеј постигна прекрасен гол.

Ујпешт сега има пет бода предност пред конкурентите во битката за опстанок.

Се вчитува...