Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски, пред два дена го раскина договорот со АЕЛ Лимасол, и е во потрага по нога средина. Во Унгарија се шпекулира дека дефанзивецот ќе се врати во тимот на Ујпешт, во кој настапуваше три години, а минатото лето од таму направи трансфер на Кипар.
Сега Ристевски би можел повторно да му се приклучи на Ујпешт после една година настап во АЕЛ Лимасол, каде одигра скромен број на натпревари.
Пред да замиине на Кипар, цели пет години беше во Унгарија. Пред Ујпешт играше и за Вашаш. Во странство настапуваше уште за Тирана, Славија Софија, Билис Балш и Елбасан. Во Македониај играше за Пелистер и за Работнички. Тој има 57 настапи за македонскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

