Македонскиот фудбалски репрезентативец Кире Ристевски се наоѓа пред трансфер во редовите на унгарскиот вицепрвак Видеотон. Одличните игри во дресот на Вашаш изминатава сезона го препорачаа Ристевски кај раководството на Видеотон, кое покажува сериозен интерес за дефанзивецот.
Ова лето Видеотон доби нов тренер, српскиот стратег Марко Николиќ, кој од клупата на Партизан се пресели во Унгарија. Тој ќе го има последниот збор околу можноста Ристевски да ја промени средината во унгарската лига, од Вашаш во Видеотон.
Инаку, Видеотон е сериозно заинтересиран и за Енис Барди, кој е член на Ујпешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА