Кире Ристевски се врати во својот Пелистер

ФК Пелистер официјално го објави враќањето на својот поранешен фудбалерКире Ристевски. 35-годишниот централен дефанзивец доаѓа на позајмица од Струга Трим Лум до крајот на тековната сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Ристевски, кој ја започна професионалната кариера токму во зелено-белиот дрес се враќа дома по повеќе години. Тој настапуваше за Работнички, Струга во домашниот шампионат, а настапуваше и во: Албанија (Тирана, Билис, Елбасани), Бугарија (Славија Софија), Унгарија (Васас, Ујпешт), Кипар и Ерменија (Пјуник).

Исто така, е поранешен македонски репрезентативец кој беше дел од Европското првенство 2020.

„Добредојде дома, Кире Ристевски!“, порачаа битолчани.

Се вчитува...