Киргиос го откажа учеството на Ролан Гарос

Првиот натпреварувачки ден на гранслен турнирот Ролан Гарос ги донесе и првите откажувања. Откако Виктор Троицки не се појави на стартот на својот меч, од настапот во Париз се откажа и австралискиот тенисер Ник Киргиос.

„За жал, морав да се повлечам од Ролан Гарос. По консултации со лекарскиот тим одлучив дека е најдобро да не ризикувам со мојата повреда. Иако немам веќе болки, јасно е дека не сум најдобро подготвен. Немам одиграно ниту еден меч во изминатите два месеци и евентуален меч во пет сета би можел да ми донесе нови проблеми“, изјави Киргиос.

Бугаринот Григор Димитров имаше успешен старт на Ролан Гарос, откако го совлада египетскиот тенисер Мохамед Сафват со 3-0 во сетови (6-1, 6-4, 7-6). Тој требаше да игра против Виктор Троицки, но Србинот исто така го откажа својот настап.

Во женска конкуренција, успешен старт на гранслем турнирот во Париз имаа Слоун Стевенс, која со 2-0 во сетови (6-2, 6-0) ја совлада Аранча Рус, а Елена Свитолина беше подобра со 2-0 во сетови (7-5, 6-3) од Ајла Томљановиќ.

Се вчитува...