Австралиецот Ник Киргиос ја провоцираше публиката во мексиканскиот Акапулко по победата над Рафаел Надал, нешто кое не му се допадна ниту на шпанскиот тенисер.
Рафа по завршувањето на мечот не издржа да не го прокоментира однесувањето на Киргиос.
„Тој има навистина огромен талент, би требало да се бори за грандслем трофеи и прво место на АТП листата. Но, тој не ја почитува ниту публиката ниту своите противници, па на крајо ниту самиот себе“ – рече Надал.
А, Киргиос изминатава ноќ повторно направи вистински хаос во Мексико. Овој пат за време на мечот со Станислас Вавринка во борбата за полуфинале. Публиката константно му свиреше на австралискиот тенисер и поради тоа тој ги загуби нервите…
„Кој ви е к..рац? Што е со овие е..ни луѓе? Рацете ми крварат, што сакате од мене? Е..те се! Ова е неверојатно“ – довикуваше Киргиос кон публиката за време на еден тајм-аут.
Судијата го опомена за таквото однесување, но Киргиос сепак продолжи…
„Немој уште еднаш да си ми го кажал тоа. Тоа што ми го кажува е срање. Гледај што сите ми прават на овој турнир. Немој да зборуваш така со мене“ – му се обрати Киргиос и на судијата на мечот.
На крајот, Киргиос го победи Вавринка со 2-1 во сетови.
Just a day after his dramatic win over Rafael Nadal, Nick Kyrgios was at it again. #7News pic.twitter.com/fM6NrLJJD2
— 7 News Melbourne (@7NewsMelbourne) March 1, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА