Синоќа се одиграни и последните пет меча од 2. коло на Мастерсот во Мајами во кои фаворитите забележаа сигурно победи.
Ник Киргиос за само 50 минути славеше против Душан Лајовиќ со 2-0, со 6-4,6-1. Шпанецот Карено-Буста беше уште поубедлив против Денис Истомин победувајќи со 6-1,6-0, додека Џек Сок со 6-3,7-6 славеше против Бамбри.
Сигурна победа оствари и Џонсон кој со 2-0 (6-3,6-3) го победи Манарин, додека Андерсон исто така со 2-0, 6-4,6-3 беше подобар од Басилашвили.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА