Пресметката меѓу Роџер Федерер и Ник Киргиос во четвртфиналето од турнирот во Индијан Велс воопшто не стартуваше откако австралискиот тенисер му го предаде мечот на Швајцарецот. Два дена откако со фантастичен настап го елиминираше вториот носител Новак Ѓоковиќ, Киргиос се пожали на болки во стомакот, поради кои не можеше воопшто да излезе на теренот.
„Во моментов ми делува како труење со храна. Не можам ниту да стојам, камоли да играм тенис. Кога се игра против Федерер мора да се биде на највисоко ниво, а јас немам друг избор освен да го откажам настапот“ – кратко порача Киргиос.
Федерер во полуфиналето од турнирот во Индијан Велс утре ќе се сретне со подобриот од вечерашната пресметка меѓу Џек Сок и Кеи Нишикори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА