Контроверзниот австралиски тенисер Ник Киргиос доживеа елиминација уште во првото коло на гранслем турнирот УС опен. Тој загуби со 3-1 во сетови од својот сонародник Џон Милман, кој е рангиран на 235.позиција на листата на АТП.
На Киргиос не му одеше ништо од рака на овој меч, а Милман тоа го искористи и славеше со 3-1 во сетови. Го доби првиот сет со 6-3, па иако Киргиос израмни добивајќи го вториот сет со 6-1, сепак, продолжението на мечот му припадна на пониско рангираниот Австралиец. Милман ги доби следните два сета со 6-4 и со 6-1.
Во женска конкуренција, елиминирана е Еугени Бушар, која загуби од Русинката Евгенија Родина со 2-0 во сетови (7-6, 6-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА