И машката ракометна репрезентација на Македонија го имаше првиот собир за Медитеранските игри кои ќе се одржат во алжирскиот град, Оран.
Иако на списокот за ова натпреварување селекторот Кирил Лазаров имаше повикано 22 ракометари, четворица веќе го откажаа своето учество на овие игри. На првиот собир ги немаше Мартин Томовски и Марко Мишевски од Вардар, како и Дејан Манасков кој се подготвува за Ф4 турнирот со својот Веспрем. Покрај овие тројца Македонија на МИ нема да смета ниту на пивотот на Тримо Требње, Милан Лазаревски.
Дополнителен повик во репрезентацијата на место на овие четворица добија левиот бек, Теодор Тодески и голманот Иван Галевски и двајцата од РК Алкалоид. Македонија на игрите се наоѓа во групата Б со репрезентациите на Шпанија, Алжир, Турција и Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА