Кирјос: Да му се извинам на Надал? Нема шанси… (ВИДЕО)

Ник Кирјос, и покрај тоа што не е нешто многу активен на терените, и натаму ја интригира светската тениска јавност со постојаните конфликти. Последен во низата е оној и со Стефанос Циципас, кој му порача на Австралиецот дека е необразован и дека со своето однесување внел „кошаркарски менталитет во тенисот“.

Многумина на Гркот му замерија дека притоа го навредил Кирјос на расна основа, па Циципас му се извини за сето тоа. И Кирјос му одговори, смирувајќи ги страстите…

„Беше тоа жестока борба, а понекогаш ние тенисерите одиме на прес-конференција без да стигнеме да ги ‘свариме’ впечатоците од мечот… Ние двајца имавме некои луди битки, а во суштина знам дека Стефанос го сака мојот стил на игра. Ние сме си целосно добро, Циципасе“ – му порача Кирјос.

На тоа, тениска аналитичарка се надоврза со потсетување дека Кирјос го погоди со топче Рафаел Надал за време на нивниот меч на Вимблдон, притоа потсетувајќи на новинарското прашање дали ќе му се извини.

„Кирјосе? Можеш ли да му се извиниш на Надал? На човекот со 22 гранслем титули. Дали намерно го гаѓаше?“.

А, Кирјос со одговорот…

„Да, тоа го сакав. Сакав да го погодам право во гради. Нема да се извинам. Го кажав тоа што го мислам“.

Се вчитува...