Проблематичниот Ник Кирјос ја покажа и својата хумана страна. Австралискиот тенисер најави дека за секој ас што ќе го постигне на турнирот во Пекинг, ќе уплатува по 50 долари во хуманитарни цели.
Овие пари ќе бидат наменети за помош на жртвите на ураганот „Марија“ што неодамна го погоди Порторико. Австралиецот прво рече дека за секој ас ќе плати по 10 долари, но сега реши да ја зголеми сумата.
„Знаете што, ја зголемувам понудата на 50 долари по ас. Ајде да му помогнеме на Порторико“ – напиша Ник Кирјос на својоит профил на Твитер.
Кирјос (22) кој важи за еден од најталентираните тенисер од оновата генерација, но со своето однесување и за еден од најпроблематичните. Тој обезбеди пласман ви четвртфиналето на турнирот во Пекинг со победата против Миша Зверев во три сета, а во текот на мечот постигна 11 аса. Крјос кој е 19.тенисер на АТП листата, во четвртфиналето ќе игра против Белгиецот Стив Дарсис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА