Новак Ѓоковиќ се пласираше во третата рунда од Мастерс-турнирот во Рим, откако многу полесно од очекувањата го совлада Денис Шаповалов од Канада (6-1, 6-3). Првиот носител мина на теренот само 66 минути, препуштајќи му на противникот четири гејма, потврдувајќи дека во одлична форма ќе го дочека Ролан Гарос откако минатата седмица го освои и турнирот во Мадрид.
Скандал повторно приреди Ник Кирјос, кој воопшто не го доврши својот меч со Норвежанецот Каспер Руд. При резултат 1-1 во сетови проблематичниот Австралиец го загуби сопствениот сервис, по што почна да се жали за гледачите кои се движеле додека тој сервирал. Кирјос ги загуби нервите, беше казнет од судијата, по што дополнително полуде, најпрвин го фрли рекетот, па и стол на теренот, за на крајот да се повлече.
Here’s how Nick Kyrgios’ match with Casper Ruud ended. Needless to say, Ruud got the W. https://t.co/ZXjelxV5A6
— TennisNow (@Tennis_Now) May 16, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА