После низа на повреди кои го оддалечија од тениските терени, Ник Кирјос изјави дека не сака веќе да игра тенис. Австралиецот кој има 28 години ги пропушти сите Грен слем турнири во 2023 година поради повреди на зглобот, коленото и стопалото.
Кирјос изјави дека нема да игра на Австралија опен на почетокот на идната година.
„Искрено, што е до мене, не сакам веќе да играм“, рече Кирјос.
„Уморен сум. Минав низ три операции. Имам само 28 години, секогаш сакав да основам семејство и да не трпам повеќе болки. Кога ќе станам, не можам да одам а да немам болки. Тешко е“, призна Кирјос.
Оваа година тенисерот одигра само еден меч на АТП Турнир, и тоа во Штутгарт кога загуби од кинескиот играч Јибинг Вуа.
„Сакам да играм уште една или две години. Мислам дека сум способен за тоа, и после е крај“, рече тој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

