Едно од лошите момчиња на тенисот Ник Кирјос се одлучи да го откаже настапот и на последниот гранд-слем турнир во сезоната, УС опен.
Австралискиот тенисер требаше да игра на Отвореното првенство на САД, но по откажувањето на мешаните двојки, беше јасно дека Кирјос нема да биде подготвен ниту за натпреварувањето во поединечна конкуренција.
Една недела пред ждрепката за турнирот, беше потврдено дека 30-годишниот Австралијанец нема да настапи во Њујорк. Така, Кирјос ќе остане на една победа оваа година до која дојде на Мастерсот во Мајами во март. Тогаш беше подобар од Американецот Мекензи Мекдоналд.
Кирјос долго време се мачи со повреди, особено со зглобот на раката што го оперираше. Неколку пати го најави своето пензионирање, а ако проблемите со повреди продолжат многу е веројатно дека таа објава ќе дојде наскоро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

