Кирјос им се пушти на критичарите: Медиумите шират само негативност

Ник Кирјос се огласи по победата над Арина Сабаленка и остро реагираше на критиките што следеа по егзибицискиот натпревар.

Кирјос рече дека медиумите ја носат најголемата одговорност за негативната атмосфера што се создава околу ваквите настани.

Австралиецот верува дека дел од јавноста и медиумите имаат проблем со промените во тенисот и дека секое отстапување од воспоставената рамка е дочекано со несоодветна доза на критика. Според него, реакциите на таканаречената „битка на половите“ покажуваат колку е затворен тенисот, во кој новата идеја често се перцепира како закана, а не како можност.

Кирјос истакна дека не гледа проблем во натпреварите во кои мажите и жените учествуваат заедно, туку дека проблемот се јавува во начинот на кој ваквите настани се презентираат на јавноста.

„Оваа негативност доаѓа од вас. Медиумите од некоја причина сакаат да шират негативност. Вие сте тие што ја создаваат оваа омраза, а не јас. Ги сакам ваквите настани, ги сакам мешаните двојки, ги сакам настаните каде што момчињата и девојчињата играат заедно. На новинарите е да завршат подобра работа и да го спречат ова перење мозок. Се сложуваме одлично, нема поделби, но вие контролирате што им сервирате на луѓето и треба да бидете многу внимателни со тоа“, рече Кирјос.

Се вчитува...