Ник Кирјос доби суспендирана казна од 16 недели за несоодветото однесување на тениските терени . Ќе биде на шестмесечен контролиран период, а ќе треба да плати и парична казна од 25 000 долари. Казната нема да стапи во сила ако 24-годишниот Австралиец не го повтори делото.
Истрагата на АТП покажала дека во последните 12 месеци имал недозволива „шема на насилно однесување“ и дека го прекршил кодот на Асоцијацијата. Кирјос скрши два рекети во поразот од Карен Хачанов во Синсинати. Подоцна беше казнет со 113 000 долари за пет поединечни престапи.
Со оглед на контроверзноста на Кирјос какпжо и на неговиот карактер и темпераментот ќе биде вистински предизвик тој да не ги повтори инцидентите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА