Контроверзниот австралијански тенисер Ник Кирјос ја критикуваше состојбата во АТП конкуренцијата и го пофали женскиот тенис за ривалството кое се одразува во последните години.
Како што вели секогаш контроверзниот тенисер во женска конкуренција во моментот има поголема жестока борба и натпреварувачки дух отколку во машката конкуренција.
„Тенисот сега е прилично досаден, искрено. Нема многу ривалство. Гледав мечеви, анализирав и коментирав. Нивото на играта е неверојатно, но повеќе возбудувања и ривалство има во женскиот тенис.
Мечот помеѓу Радукану и Сабаленка на Вимблдон беше неверојатен, како и оној на Анисимова против Сабаленка. Во овие мечеви имаше поголема жестока борба и натпреварувачки дух отколку во машката конкуренција, а само за тоа го гледаме спортот“, изјави Кирјос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

