Контроверзниот австралијански тенисер Ник Кирјос гостуваше на подкаст каде говореше на разни теми поврзани со тенисот. Една од нив беше и ривалството, потточно неговиот бизарен однос кон „големата тројка“ – Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Откри дека не можем да го поднесе Рафаел Надал, а со тоа имал и дополнителна мотивација кога и да се сретне против него.
„Не можев да го поднесам, го мразев и презирав максимално кога и да го видам. Кога ќе играв против него сите го идолизираа, сите говореа како тој е голем работник, дека е тоа и тоа, а јас ќе си помислев „Не можам да го поднесма ликов“. Сакав на сите да им покажам дека е можно да се забавуваш, да бидеш смирен и да ги победуваш овие играчи на таков начин“, вели Кирјос.
Омразата му била и мотив повеќе да забележи три победи во деветте меѓусебни мечеви.
„Максимално бев мотивиран. Кога играв против него се трудев да бидам најдобар што можам. Таков бес не чувствував кога играв против Ѓоковиќ и Федерер“, додава Кирјос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА