Ник Кирјос по долго време се врати на терените за еден грен-слем турнир, но претрпе елиминација од Британецот Финли уште во првото коло од турнирот кој за него е на домашен терен.
По мечот говореше за медиумите и најави дека овој меч е најверојатно и последен за него во сингл конкуренција на Австралија Опен.
„Искрено не се гледам себе си дека ќе играм во сингл конкуренција тука повторно. Единствено не сакам само да излезам на теренот и да играм повреден или пак да го предадам мечот. Навивачите со часови го чекаа мојот меч. Физички повеќе не сум подготвен да ги изражам овие напори“, изјави Кирјос кој се надева дека ќе може да настапи на најголемиот грен-слем во сезоната.
„Се надевам дека ќе бидам подготвен за Вимблдон. Ако немам проблеми со болки во стомакот, верувам дека таму ќе можам да направам нешто“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА