Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос вели дека сака да напредува во тенисот, но и оти сака да биде подобар човек. Силно мотивиран од успехот во Вашингтон, но и од поддршката која што ја добивал за време на турнирот тој посакува да еволуира и како личност.
„Ова беше многу значајна седмица за мене. Добив силна поддршка и верба. Докажав дека вредам и дека можам многу. Сакам да останам мирен и да играм во континуитет. Сакам да бидам подобар човек. Ако успеам во тоа ќе имам и подобри резултати во тенисот“ – изјави Кирјос.
Австралиецот од вчера е 27. на АТП листата. Следен предизвик му е турнирот во Монтреал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА