Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, и Австралиецот Ник Кирјос, поранешен финалист на Вимблдон, кој долго време беше неактивен поради повреда, се сретнаа во Кока-Кола арената во Дубаи (ОАЕ) во натпреварот „Битка на половите“.
Играјќи според посебни правила (секој имаше по еден сервис, а теренот на Сабаленка беше 9% помал), Кирјос победи со 6-3, 6-3.
Во првиот сет, Сабаленка двапати го освои сервисот на моментално 671-та тенисер во светот, но го загуби дури четири пати својот. Во вториот сет, Белорусинката поведе со 3-1, а потоа Австралиецот нанижа пет гема за победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

