Кирјос со коментар за прецртувањето на името на Ѓоковиќ – Се надминав себе колку сум лош

Ник Кирјос повторно беше во центарот на вниманието откако во Вашингтон го прецрта името на Новак Ѓоковиќ на маица на еден фан која требаше да ја потпише.

Многумина поради тоа го критикуваат Австралиецот дека веќе ги има преминато сите граници на вкус. Сепак, „лошото момче“ на светскиот тенис не остана без коментар. Тој на социјалните мрежи напиша коментар во кој вели дека се надминал себе си и не верува дека може да е толку лош.

„Да, се надминав себе. Многу е лошо да прецрташ нечие име и да се зезаш со деца. Колку сум лош човек. Ова мора да е една од најлошите работи кои се случиле. Најлош сум“, напиша Кирјос. 

 

Се вчитува...