Кирсти Ковентри стана првата жена претседател на ИОК

Легендарната пливачка Кирсти Ковентри од Зимбабве е избрана за нов претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) по тајното гласање спроведено од 92. членки на ИОК за време на 144. сесија на ИОК што се одржа во Коста Наварино, Грција. Ова е првпат жена да претседава со највисокото спортско раководно тело во светот.

Само еден круг беше потребен за да се избере Ковентри. Иако гласаа 92 членови на ИОК, важно е да се напомене дека вкупниот број на членови на ИОК е 109. Така, 17. што не гласаа во првиот круг ќе учествуваа доколку беа потребни дополнителни рунди.

Со овие избори, Ковентри станува десеттиот претседател – прва жена на ИОК од основањето на олимпиското раководно тело во 1894 година. Претходно претседател беше Томас Бах кој ја извршуваше функцијата од септември 2013 година и се повлекува по завршувањето на осумгодишниот мандат кој беше продолжен за дополнителни четири години според прописите на ИОК.

Кирсти Ковентри беше една од седумте кандидати кои се кандидираа на овие избори, заедно со Себастијан Коу (Обединето Кралство, 68 години), Дејвид Лапартиент (Франција, 51 година), Моринари Ватанабе (Јапонија, 66 години), Јохан Елиаш (роден во Шведска, но има британско државјанство, 63 години) и шпанскиот кандидат Хуан Антонио Самаранч јуниор (65 години).

Се вчитува...