Стартот на подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток за фудбалерите на Кит Го е закажан за 8. јануари во Штип.
Согласно планот на стручниот штаб на чело со Емил Грнев, првите два дена се предвидена за лекарски прегледи по што ќе следи почетокот на тренинзите. Веќе се договорени и два пријателски натпревари за овој период од подготовките, на 25. јануари со Кожуф и на 31. јануари со Беласица во Дојран.
Од 2. февруари се заминува на подготовки во турскиот туристички центар Анталија каде ќе бидат одиграни четири пријателски натпревари. Противниците за истите дополнително ќе бидат одредени.
Генералката пред стартот на пролетниот дел од шампионатот за фудбалерите на Кит Го ќе биде на 22. февруари со Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА