Фудбалскиот клуб Кит-Го и официјално успеа да обезбеди учество во Втората лига – Исток, откако триумфираше со убедливи 6-1 на мечот против Слога 1934. Тимот од Пехчево со 55 бода сега и дефинитивно е недостижен на табелата во Третата лига – Источен регион. Кит-Го има дури 22 бода повеќе од второпласираниот тим на Кежовица.
Кит-Го на домашен терен оствари убедлив триумф од 6-1 против Слога 1934. Стрелец на првиот гол беше Бобан Мариќ во седмата минута, а до крајот на првиот дел погодија и Петар Најдов и Иван Колев. Во второто полувреме во листата на стрелците се запишаа и Томи Станоевски и Андреј Симевски, кој беше двоен стрелец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА