Кит Го го договори и вториот противник за време на подготовките во Анталија со романската екипа Универзитатеа Крајова.
Фудбалерите на Емил Грнев натпреварот против тимот од Романија ќе го одиграат на 7. февруари.
Кит Го на 2. февруари заминува на подготовки во турскиот туристички центар Анталија каде ќе бидат одиграни четири пријателски натпревари. Првиот противник на подготовките во Анталија е романскиот второлигаш Рипенсиа Тимошвар дуел кој се игра на 4. февруари, а потоа следи мечот и со Универзитатеа Крајова.
Претходно Кит Го ќе одигра пријателски средби и со Кожуф на 25. јануари а потоа и со Беласица на 31. јануари во Дојран. Генералката пред стартот на пролетниот дел од шампионатот за фудбалерите на Кит Го ќе биде на 22. февруари со Пелистер.
По крајот на есенскиот дел од Кит Го заминаа Горан Пашовски, Никола Ристевски, голманот Марио Сандевски, офанзивецот Андреј Симевски и фудбалерите од средниот ред, Марио Крстов, Мелих Шерифов и Трајче Ефремов. Две нови имиња се Тони Мичковски, кој пристигна од Брегалница, и младинскиот репрезентативен голман Давид Денковски кој пристигна од редовите на Академија Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА