Користејќи ги слободните термини пролетва, веќе новиот второлигаш Кит Го од Пехчево подготовките за повисок ранг натпреварување на домашната сцена ги реализира и преку интернационални пријателски натпревари.
На тест дуел одигран вчера во Пехчево, Кит-Го славеше со 2-0 (0-0) против бугарскиот второлигаш ФК Септември од Симитли.
Стрелци на головите за Кит-Го беа Мартин Стојанов директно од слободен удар во 54. минута од средбата и Андреј Симевски во 79. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА