Повеќе од амбициозниот второлигаш Кит Го од Пехчево продолжува со засилувањата за пролетниот дел од сезоната. Нов фудбалер на Кит Го е фудбалерот од средниот ред Благој Гуцев кој доаѓа од редовите на косовскиот прволигаш Трепча.
28-годишниот Гуцев претходно во својата кариера има настапувано и за Беласица, Влазрими и кратовски Силекс од каде се пресели во Трепча.
Гуцев е петто засилување за Кит Го по ангажманот на крилен офанзивец на Силекс, Александар Пановски како и поранешниот напаѓач на Вардар и Пелистер, Антонио Бујчевски. Засилувања на тимот за пролетниот дел од шампионатот се и 19-годишниот офанзивец Дејан Стоименов и дефанзивецот Кристијан Јордановски кои минатата сезона настапуваа во редовите на Каменица Саса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА