Македонскиот дефанзивец Томе Китановски го постигна својот прв гол во дресот на хрватскиот прволигаш Славен Белупо.
Китановски стрелаше во победата на Славен од 2-0 против Цибалија во денешното 22. коло од хрватската Прва лига. Македонскиот фудбалер беше стрелец на првиот гол за Славен Белупо во 35. минута од натпреварот.
Вториот Македонец во дресот на тимот од Копривница, Мирко Ивановски исто така го одигра целиот натпревар против Цибалија.
Славен Белупо по 22 кола со 25 бода е на 6. место од десет клубови во најсилната хрватска фудбалска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА