Китановски го засилува новиот шампион на БиХ, Зрински!

По разделбата со хрватскиот прволигаш Славен Белупо, 26-годишниот Томе Китановски од јуни се очекува да биде нов член на новиот шампион на БиХ, Зрински.

Китановски на крајот од оваа сезона го раскина договорот со тимот од Копривница, па сега како слободен фудбалер се очекува да му пристапи на Зрински кој е предводен од клупата од легендата на југословенскиот фудбал, Блаж Слишковиќ.

Македонскиот фудбалер уште во јануари требаше да пристапи на Џрински, но на крајот во последен момент се одлучи за финансиски подобрата варијанта и преселба во Хрватска.

„Сега сум слободен фудбалер. За преселба во Зрински постоеше можност уште во јануари, па ќе видиме како сега ќе се одвиваат работите“ – вели Китановски.

Претходно во својата кариера има настапувано и за Истра, Вождовац, романската Крајова, а на домашната сцена за Пелистер.

Се вчитува...