Екипата на Интер постигна договор со Парма за напаѓачот Анже-Јоан Бони, и се надева дека ќе го финализира договорот за 24 милиони евра. Францускиот голгетер е цел на Интер веќе неколку месеци, но сега се интензивира под раководство на Кристијан Киву, кој работеше со него во Парма.
Европскиот вицепрвак беше принуден да ја зголеми понудата, затоа што за неговите услуги беше заинтересиран и Штутгарт. Првично „нероазурите“ понудија 22 милиони евра, а Парма побара повеќе.
Во 37 одиграни меча, 21-годишниот голгетер минатата сезона постигна шест гола и запиша четири асистенции. Тој веќе четири години е дел од Парма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

