Интер ја продолжи успешната серија резултати со победата над Торино, со која „нероаѕурите“ се пласираа во полуфиналето од Копа Италија.
Кристијан Киву ја продолжи традицијата да го ротира тимот за куп-нзтпреварите, шанса добија дел од помладите фудбалери кои максимално ја оправдаа довербата. Токму Бони и Диуф беа стрелци на погодоците со кои Интер стигна до посакуваниот резултат.
„Не сум новинар ниту пак играм фантази фудбал за да ги оценувам фудбалерите поединечно. Она што можам да го кажам е дека како тренер сум задоволен од тимскиот настап, од енергијата што ја покажавме на теренот, од прикажаната игра. Ме радува она што помладите го покажаа, што Интер може да напредува и кога не купува нови играчи. Сите беа насочени кон зимскиот преоден рок, дали ќе купиме засилување и кого, но реалноста е дека и овие млади асови помагаат да бидеме подобра екипа. Стефано Веки врши извонредна работа со У23 екипата, сите овие момци напредуваат и можат да ни бидат од помош кога и да ни затребаат“, истакна Киву.
Ривал на Интер во полуфиналето од Купот на Италија ќе биде подобриот од дуелот меѓу Наполи и Комо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

