Киву: Интер сака да игра убаво, но мораме да научиме и да победуваме „грдо“

Интер веќе во второто коло го претрпе првиот пораз во новата сезона од Серија А откако екс-шампионот затуби на домашен терен од Удинезе со 1-2.

„Нероаѕурите“ имаа почетно водство од 1-0 преку Дамфрис, но примија два гола до крајот на првото полувреме. Во вториот дел тие имаа целосна доминација на теренот, постигнаа гол преку Димарко што беше поништен со ВАР, не успевајќи да стигнат ниту до бод.

„Почнавме добро со контрола на темпото, но се мачевме да креираме шанси. По пеналот и првиот примен гол го загубивме фокусот, стана очигледно дека се мачиме. По паузата бевме подобри, покажавме желба, бевме агресивни, но како што минуваше времето ние бевме се помалку опасни. Јасно е дека сакаме да играме убав фудбал, но мораме и да научиме да победуваме „грдо“, да најдеме начин да дадеме гол и кога не играме најдобро. Не бевме феномални на првиот меч, не бевме катастрофални денеска. Остануваме „проект што е во тек“, мораме да научиме, да најдеме баланс меѓу нападот и одбраната, да работиме напорно. Има уште многу за играње оваа сезона“, истакна тренерот Кристијан Киву.

Се вчитува...