Кристијан Киву имаше причина да биде разочаран откако Интер одигра далеку под своите можности и беше поразен со 3-1 на првиот дуел од 1/16 финалето во Лигата на Шампионите од норвешкиот првак Бодо Глимт.
„Лесно е да се каже дека проблем беше теренот и вештачката трева. Тоа е вистина, домаќините се навикнати да играат на овој терен, нашите играчи имаа проблеми, но тоа не може да биде изговор за она што се случи на теренот. Моравме да бидеме подобри, бевме договорени да вршиме пресинг на нивните дефанзивци, но оставивме неколку одбиени топки да дојдат до домашните играчи и скапо плативме за тоа. Бодо изненади со брзината во контрите и полу-контрите, но таа лекција е веќе научена. Имаме негатива од два гола, но ништо не е готово, пред нас е реваншот во Милано на кој ќе сториме се да се пласираме во следната рунда“, изјави Киву.
Тој потврди дека капитенот Лаутаро Мартинез речиси сигурно нема да може да помогне на претстојниот реванш.
„Ги чекаме прегледите и резултатите, но изгледаше сериозно. Онака, на прв поглед, се чини дека ќе мораме да се снаоѓаме извесен период без Лаутаро“, разочарано исткана тренерот на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

