Киву: Нема да го менувам Зомер, сега му треба поддршка

Тренерот на Интер, Кристијан Киву одговори на шпекулациите за замена на голманското место по слабата партија на Јан Зомер на мечот против Јувентус, кога „неразурите“ загубија со 4-3, со гол во последната минута по грешката токму на швајцарскиот голман.

И покрај тоа што се шпекулираше дека Зомер ќе остане на клупата за Лигата на шампионите, сепак, Киву негира.

„Нема да го заменам Зомер затоа што некој ќе ме замоли. Имам голема почит кон Мартинез, и тој ќе ја добие својата шанса, но играч кој минува низ тежок период треба да има поддршка. Јан ќе биде на голот за Интер, и не мислам дека е исправно да се свртиме против него сега“, рече главниот тренер на Интер.

Се вчитува...