Последното коло од Лигата на шампионите во 2025 година носи супердраматичен натпревар во Милано каде на Интер му гостува Ливерпул.
Натпреварот е од големо значење за двата тима кои поминуваат низ турболентен период, особено Ливерпул чија резултатска криза се одрази и со незадоволство помеѓу фудбалерот кој ја одбележа последната деценија на „црвените“ Мо Салах и тренерот Арни Слот.
Сепак проблемите на Ливерпул и изостанувањето на Салах од тимот нема да бидат олеснителна околност, вели тренерот на Интер, Кристијан Киву.
„Сите знаеме колку Салах придонесе во фудбалот. Свесни сме за неговата вредност, што не е моја грижа, но знаеме дека Ливерпул има играчи кои можат да го заменат и со тоа да го одржат многу високото ниво што го негува овој тим. Мораме да се грижиме за целиот тим, а не само за поединци.
Интензитетот е нивното мото, кое Слот сака да го одржи. Тие минуваат низ тежок период, но се еден од најдобрите тимови на планетата. Ја знаеме вредноста што ја имаат и културата“, изјави Киву.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

