Кристијан Киву има лош старт на авантурата во Интер, откако романскиот стратег во првите три рунди веќе собра два пораза што значително ја отежнува задачата во трката за скудетото.
Синоќешниот пораз беше особено болен, претрпен од лутиот ривал Јувентус, и тоа со два примени погодоци во последните десет минути.
„Мислам дека сите можеа да видат позитивни работи во нашата игра, како во првото, така и во второто полувреме. Покажавме квалитет и напредок, се вративме од 1-0 и 2-1, поведовме со 2-3, но потоа моравме да покажеме поголема зрелост. Мораме да научиме нешто, како да се задржи резултатот во клучните моменти кога се има предност. Кога Јувентус требаше да задржи време тие не срамеа да ја шутнат топката кон трибините. Ние се обидувавме со фудбалски потези и кога тоа не беше неопходно, на крајот плативме поради тоа и ќе мораме да ја научиме лекцијата. Не се сомневам дека ќе извлечеме значајни поуки од овој пораз, јас сакам да се фокусирам на позитивните работи, иако секако сите жалиме што не освоивме барем еден бод“, изјави романскиот стратег на клупата на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

