Кизиќ: Беше тешко, но освоивме бод… ќе бидеме подготвени и за Катар

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари по четири одиграни натпревари на СП 2025 имаат скор од една победа, еден пораз и две реми откако во вчерашната прва рунда од главната фаза одиграа нерешено против селекцијата на Австрија.

Марко Кизиќ одбрани седмерец во првото полувреме, бранеше во поголемиот дел од вториот период, собирајќи 6 успешни интервенции против беспрекорниот напад на противникот „седум на шест“.

„Уште еден неизвесен натпревар во кој одигравме егал со квалитетна репрезентација. Беше навистина тешко, особено во ситуација кога играа „седум на шест“ на едно исклучително ниво. Таа тактика си носи и свои ризици, но Австријците ја играа квалитетно. Затоа, радува начинот на кој им одговоривме и стигнавме до бод што апсолутно го заслуживме. На ред е Катар, уште една квалитетна репрезентација против која веруваме дека можеме да играме и да се обидеме да се подготвиме. Секогаш одиме чекор по чекор, до вчера се подготвувавме само за Австрија, сепак верувам дека ќе бидеме подготвени и за утрешниот дуел со Катар“, истакна Кизиќ.

Се вчитува...